Одржана 16-та седница на Совет за развој на Вардарски плански регион

На ден 17.05.2012 година во просториите на Општина Велес се одржа 16-та седница на Советот за развој на Вардарски плански регион. Градоначалниците членови на  Советот за развој на Вардарски плански регион на 16-та седница  донесоа одлука за  усвојување на 8 (осум) предлог-проекти кој Центарот за развој на Вардарски плански регион ќе ги аплицира во ИПА II Компонента – Прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција.