110 години од смртта на Петар Михов

Петар Михов е интелектуалец кој го посветил живиотот на просветителската дејност. Образувал генерации Македонци во време кога македонскиот идентитет бил забранета категорија, работел за национално осознавање и ослободување, бил учесник во Македонското ослободително движење уште во првите години по формирањето на ТМРО. Учителствувал во Велес, Тетово и други градови во Македонија и секаде заради националната самосвест бил прогонуван и осудуван од тогашните власти.

Во април 1902 година е одведен во скопскиот затвор Куршумли Ан, каде е ѕверски мачен и пронајден мртов во својата келија. Неговиот погреб е запамтен како манифестација на непокорот на велешани. Поворкаташто го испраќала учителот се протегала од Стар мост до црквата Св, Спас. 110 годишнината од неговата смрт беше обележана со оддавање почит на гробот на учителот и сеќавање на неговото велико дело.