Отворен ден на Гимназијата „Кочо Рацин“
Гимназијалците од Велес на повеќе штандови, со многу креативност и љубов на Отворениот ден се претставија пред осмоодделенците за да им покажат што ќе добијат ако за свој следен чекор го одберат гимназиското образование. Учениците покажаа дека најстарата гимназија на Балканот век и половина неотстапува од својата визија – да ги следи современите текови на развојот, да биде авангарда на промените и лидер во образованието. На присутните гости и граѓани им се обрати директорот на Гимназијата Горданчо Стојчевски, а манифестацијата за отворена ја прогласи заменик Градоначалникот на Општина Велес, Петре Саздов.