Еко - градина во детска градинка
На 21 мај во рамките на активностите на Еко-проектот, детската градинка „Димче Мирчев“ реализираше еко-изложба од каширана и рециклирана хартија. Фантазијата на детските вешти рачиња на несекојдневен начин не пренесе во светот на волшебството. Малите уметници со своите сликарски дела и костими од зеленчукови и овошни плодови, дворот на градинката го преплавија со живописни креации. И овој пат тимот на градинката предизвика восхит кај присутните. На ова вистинско уживање присуствуваше и Градоначалникот, Горан Петров.