„Брендирање на македонските општини“

Претставник на Општина Велес присуствуваше на дводневен семинар на тема „Брендирање  на македонските општини“ што се одржа во Измир, Република Турција. Целта на семинарот беше општините преку самоевалуација да ги пронајдат соптвените потенцијали за претставување пред странските и домашните  инвеститори и посетители , како и да ги осознаат предностите и поволностите  на брендиран производ или брендирана општина.

Семинарот, на кој присуствуваа претставници на осум општини од Република Македонија го организираше  Меѓународната агенција  „Орти Данишманлик“ во соработка со Амбасадата на Република Македонија во Анкара и економскиот промотор на Македонија во Измир.