Делегација од Моршанск во посета на Велес

Моршанск е град што се наоѓа на северниот дел од Тамбовската област, трет по големина со околу 50.000 жители. Делегација од Моршанск предводена од Градоначалникот Генадиј Викторович Калинин беше во неколкудневна посета на Република Македонија со намера да оствари контакти за стопанска соработка и туристички посети на граѓаните на Моршанск во Македонија. Со посредство на Славјанскиот институт со седиште во Свети Николе и  Руско - македонското друштво со седиште во Велес, делегацијата го посети Велес и потпиша писмо за соработка на овие две општини што претставува основа за развивање на понатамошна стопанска, културна, туристичка и граѓанска соработка.