Промовиран филмот „Пресвета Богородице, спаси не“
Филмот „Пресвета Богородице, спаси не“ што во 2009 година се сними во Велес под покровителство на Неговото високопреосвештенство г-дин Агатангел и Повардарската Епархија, а со поддршка на Општина Велес, на 26 мај беше промовиран во соборниот храм Св.вмч. Пантелејмон. На промоцијата за значењето на овој играно - документарен филм, прв од ваков вид во Република Македонија, говореа Митрополитот Петар, Митрополитот Агатангел, Градоначалникот Горан Петров и филмскиот критичар Мими Ѓоргова. Филмот е дело на актерката Весна Димитровска, а во него покрај професионални актери учествува и свештенството од Повардарската епархија и бројни статисти.