„Безбедност во сообраќајот – придружи се и ти“ и во Општина Велес
На 29,30,31.05.2012 година во организација на здружението СОБЗ и Општина Велес се реализираше проектот „ Безбедност во сообраќајот – придружи се и ти“. Во рамките на проектот ученици од прво до четврто одд. учествуваа на ликовниот и литературен конкурс во цртање и пишување на тема „Безбедност во сообраќајот во мојот град“. Проектот го одбележа активноста од областа на спретно возење на велосипед и познавање на сообраќајните знаци. Сите наградени учесници имаа можност да учествуваат вио контролата спроведена од сообраќајната полиција на МВР-СВР Велес.
Активностите од овој вид никогаш не се премногу, затоа што од сообраќајната култура на сите учесници во сообраќајот зависи и безбедноста на децата. Порака од сите учесници на макифестацијата е да се направат напори улиците на Велес да добијат велосипедска патека.