Презентација на Рамковната програма за конкурентност и иновативност (ЦИП)

Главната цел на Рамковната програма за конкурентност и иновативност се малите и средни претпријатија. Со неа се поддржуваат иновативните активности (вклучувајќи ги еко-иновациите), се обезбедува подобар пристап до финансии, и се обезбедуваат услуги за поддршка на бизнисот во регионите. Со програмата се подобрува прифаќањето и користењето на информатичките и комуникациските технологии (ИКТ), и се помага развојот на информатичкото општество. Исто така, се промовира зголеменото користење на обновливата енергија и енергетската ефикасност.

 

 ЦИП е поделен во три оперативни програми.
1.Програма за претприемништво и иновативност (ЕИП)
2.Програма за поддршка на политиките за информатичките и комуникациските технологии (ИКТ – ППП)
3.Европска програма за обмислено користење на енергијата (IEE)

Секоја програма има специфични цели, кои се стремат да придонесат за конкурентноста на претпријатијата и на нивните иновативни капацитети во дадени области, како што се информатичките и комуникациските технологии или одржливата енергија.
ЦИП програмата поддржува иновациски активности (вклучувајќи ги и еко-иновациите), обезбедува подобар пристап до финансии и услуги за поддршка на бизнисот во регионот.

Општите цели на програмата се следните:

  • да ја зајакне конкурентноста на претпријатијата, особено на малите и средни претпријатија;
  • да ги промовира сите форми на иновации вклучувајќи ги сите форми на еко-иновации;
  • да се забрза развојот на одржливото, конкурентно, иновативно и инклузивно информатичко општество;
  • да се промовира енергетската ефикасност и новите и обновливи извори на енергија во сите сектори, вклучувајќи го и транспортот.

ЦИП програмата за периодот 2007 – 2013 е со буџет од скоро 3,7 милиони евра.

Програмата за конкурентност и иновативност ја презентираа Г-ѓа Елизабета Георгиева, претставник на ЕУ делегацијата и Г-ѓа Софија Кузмановска, Одделение странска помош и програми на ЕУ, Министерство за економија. Финансискиот инструмент за Западен Балкан за одржлива енергија и БАС програмата  бе презентирани од страна на Г-дин Владо Бојаџиевски, претставник на Европската банка за обнова и развој и Г-ѓа Ива Николовска, БАС специјалист.

Средствата од програмата се дистрибуираат преку грантови и договори на основа на отворена конкурентност. МСП (мали и средни претпријатија) особено се охрабруваат да аплицираат. Повеќе информации за тековниот повик за предлози и подобноста за аплицирање можат да се најдат на http://www.ec.europa.eu/cip/eip/index_en.htm