Превенција од туберкулозата
Согласно Акционниот план за контола на туберкулозата во Општина Велес 2008-2012, деновиве, Општинската организација на Црвен крст Велес врши едукација на млади и ранливи групи население на подрачјето на Општината. Веќе се одржани четири работилници со ученици во основните училишта „Васил Главинов“, „Благој Кирков и во село Бузалково и во Гимназијата Кочо Рацин. Во наредните денови работилници ќе се одржат во останатите основни и средни училишта во Градот и во селата Сујаклари, Иванковци и во Горно Оризари.
До средината на јуни, едукативни сесии за превенција од туберкулозата, ќе бидат одржани за женска популација: Ромско население, самохрани мајки и социјални случаи. Работилниците ги спроведуваат обучени младинци – членови на Црвениот крст, а едукативните ги изведуваат лекари, пнеумофтизиолози – волонтери на Црвениот крст. Активностите се финансиски поддржани од Општина Велес.