Етно-работилници

Втора година по ред Општина Велес е партнер на проектот Етно-работилници што го реализира ЗГ „Разбој“ од Велес. Проектот опфаќа 30 ученика од основното образование распоредени во три работилници, зафисно од афинитетот на учениците: ткајачка, грнчарска и столарска. Проектот се реализира во куќите на уметноста – Касапови, Рацин и Главинов, во периодот од 11 – 20 јуни. Инструктори се мајстори практичари, луѓе кои професионално се занимаат со овие занаети. Целта на проектот е да се развие љубов на младите кон старите занаети и да се зачува од заборав традицијата чувана со векови.