„Малите сограѓани“ во посета кај Градоначалникот

Денес  150 ученика од IV –тите одделенија од ООУ „Блаже Конески“  имаа работна прошетка низ општинската зграда. Согласно наставната програма за граѓанско образование, учениците имаа можност  да го посетат Граѓанскиот сервис центар, да ги видат прес салата и електронската сала и одблизу да се информираат за работата на општинската администрација, Советот на Општина Велес и функцијата Градоначалник. Најголем предизвик за учениците на оваа работна обиколка беше влезот во работниот кабинет на таткото на градот. Учениците не ја криеја возбудата од средбата со Градоначалникот Петров и можноста да поразговараат со него.  Во оваа пригода малите сограѓани му поставија  зрели прашања, искажаа дека ќе бидат корисни членови на заедницата и го поканија Градоначалникот на возвратна посета во нивното училиште.