Христо Петрески – добитник на Рациновото признание за 2012 година

На прес конференција во Општина Велес, Градоначалникот Горан Петров ја претстави Програмата на 49-тите Рацинови средби и го соопшти името на добитникот на Почесното Рациново признание за 2012 година. Тоа е г-динот Костас Валетас од Република Грција - писател, издавач и преведувач кој во последните дваесетина години има преведено дваесетина македонски автори на грчки јазик. Да потсетиме, Почесното Рациново признание се доделува за афирмација и промоција на македонската литература и култура надвор од границите на Македонија.

Жири-комисијата во состав: Тодор Чаловски –претседател, Милован Стефановски и Мишел Павловски членови, соопшти дека добитник на Рациновото признание за 2012 година што се доделува за најдобро прозно дело објавено меѓу две средби, е писателот Христо Петрески за романот „Лифтот (не) е за двајца“ во издание на „Феник“ од Скопје. Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на 15 јуни, на втората вечер на „Рациновите средби“.