Продолжена работата на етно-работилниците

Согласно програмата за работа на етно-работиците – грнчарска, ткајачка и столарска, денес беше последен работен ден. Учесниците гордо ги покажаа изработените предмети, го изразија задоволството од учеството, но и побараа од Градоначалникот да продолжат со работа барем уште два дена. Учесниците на работилниците, инструкторите и координаторите добија дипломи за учество, а изработените предмети ќе бидат дел од некоја следна аукција на хуманитарните акции што ги организираат граѓанските организации од Велес.