Ново училиште за нови радости

Во непосредна близина на старото училиште во с. Отовица, денес беше  пуштена во употреба нова училишна зграда на ПОУ „Стојан Бурчевски – Буридан“. Министерството за образование и наука во соработка со Општина Велес за рекордно време успеаја да го завршат објектот и во една учебна година овозможија учениците од Иванковци и Отовица да добијат нови современи модуларни училишта. Пред бројните присутни се обратија градоначалникот Горан Петров, министерот за образование и наука, Панче Кралев и пратеникот во Собранието на Република Македонија, Влатко Ѓорчев.

Сите поддеднакво се заложија за нови партнерски проекти во Општина Велес преку кои ќе се инвестира во иднината на Македонија, децата. Културата на живеење, моќта на знаењето и семејните вредности беа потенцирани како темел на сигурно детство исполнето со многу радости.