Општина Велес ќе му помогне на Петар

Димов Петар е ученик во ССОУ „Коле Неделковски“ и тукушто заврши прва година во струка келнер. Минатата недела враќајќи се од пракса доживеа сообраќајна незгода. Градоначалникот Петров заедно со директорот на училиштето го посетија Петар. Тој е во добра состојба и многу скоро заедно со своите колеги од „Керамичар“ ќе го видиме на сцената како презентер на македонското оро и песна. Општина Велес во рамките на своите можности ќе партиципира во трошоците направени за лекувањето на Петар.