Вардарска регата ГЕМИЏИИ 2012

Возобновување на минатото и создавање на единствен бренд на град Велес преку најсветлата револуционерна традиција за нашиот  град – пловењето на Вардарската регата – Гемиџиите. Оддавање на признание на сите оние кои ги положија своите животи за Република Македонија, за сите оние што не се штеделе и се арчеле за Македонија.

Овогодинешната регата „Гемиџии“ се орагнизира по повод 20 години од создавањето на Армијата на Република Македонија   и  30 години од започнувањето на првата регата “Геми-џии“. Истата ќе се одржи во периодот од 05-08.07.2012 година и на самата регата учество ќе земат 100 граѓани на Велес и припадници на АРМ како  и гости од странство.

Со реализацијата на пловидбата на  Вардарската регата (од Велес до Гевгелија),  доаѓа до развивање и промоција на Вардарскиот регион, преку која се создаваат и услови за промоција на транзитниот туризам и развој и иницирање на туризмот по течението на реката Вардар. Реализирањето на проектот Вардарска регата „Гемиџии“ доага и до промоција на економската страна на регионот. Самата пловидба на регата овозможува развој на спортската компонента на сплаварење како модел на транзитирање во минатиот век, потоа развој на спортовите на вода, кајакот и пливањето, а во-едно и развој на активности за живот и престој  во природа - логорувањето.