Стартува 13-а Вардарска регата „Гемиџии“

По повод 13-то издание на манифестацијата „Вардарска регата - Гемиџии’, на 4-ти јули годинава Здружението на граѓани „Вардарска регата - Гемиџии“ одржа прес конференција на која детално беше презентирана програмата на манифестацијата. „Овогодинешната регата „Гемиџии“, се организира по повод 20 години од создавањето на АРМ и 30 години од првата регата. Манифестацијата ќе се одржи од 05 до 08 јули годинава со учество на стотина граѓани на Велес“, рече меѓу другото Себо Шакиров, претседател на здружението. Годинава регатата ќе ја сочинуваат една гемија, 8 гумени чамци и 6 кајаци. 80 учесници на регатата ќе пловат по Вардар, а 20 ќе бидат организирани како логистика. Манифестацијата ќе започне на 4-ти јули, во 19:30 часот со свечено дефиле од споменикот на Панко Брашнар до Младинскиот парк.

Во рамките на свеченоста во Младинскиот парк присутните ќе ги поздрават Градоначалникот на Општина Велес, Горан Петров и претставник на АРМ по што ќе следи претсатваата „Мушичка“ на Народниот театар Јордан Хаџи Константинов Џинот. Во следните неколку дена манифестацијата ќе понуди различни содржини за граѓаните од сите возрасти. Годинава, Општина Велес ја делегираше надлежноста за организација на манифестацијата на ЗГ „Вардарска регата - Гемиџии“. Буџетот за организација изнесува околу 300.000 денари, а манифестацијата доби поддршка од бизнис секторот.

Во продолжение можете да ја видите деталната програма на  13-та Вардарска регата „Гемиџии“