На Олимписките игри во Лондон ке се вее и велешкото знаме

Република Македонија на Олимписките игри во Лондон ќе ја претставуваат четворица спортисти – двајца пливачи и двајца атлетичари. Кристијан Ефремов најдобриот македонски атлетичар, државниот шампион и рекордер на 400 метри со пречки и штафети во две категории е момчето од Велес што ќе ги брани боите на Македонија. Градоначалникот Петров на Ефремов со целосна морална и материјална поддршка му посака среќен пат и многу успех на ова амбициозно момче што оваа година ја претстави својата земја и на Европското првенство во Хелсинки. Пред да замине за Лондон Кристијан Ефремов ќе учествува и на Балканското првенство во Едрене – Турција, што ќе биде и своевидна генерална проба пред настапот на Олимписките игри.