Посета на бизнис делегација од Индија
Во Република Македонија овие денови престојува бизнис делегација од Индија. Индиските бизнисмени во вторникот на 17.07.2012 беа во посета на Општина Велес. Ова е првична средба со преставници на повеќе фирми од различни дејности од Индија. На средбата се разговараше за можностите за инвестирање и соработка со постојните компании од Општина Велес. Во овој момент градоначалникот Петров само ги презентираше потенцијалите и предностите на општината.