Заслужен одмор за вредните ученици

Група од 20 талентирани ученици на возраст од 13 до 16 години, претставници на општински основни и средни училишта од Велес, заминаа на заслужен одмор во Охрид. Тие ќе поминат 10 дена на Охридското крајбрежје како награда за вложениот труд и постигнатите резултати на општинските  и  државните натпревари и други првенства на кои освоиле награди и признанија. Во детското одморалиште „Радости“ во Охрид ќе летуваат и другаруваат младите и талентирани поети, спортисти, физичари, математичари, уметници и др. кои постигнале најдобри резултати и освоиле најголем број признанија и награди во рамките на своето матично училиште. Селекцијата на најдобрите ја направија училиштата. Настанот го овозможија и помогнаа Општина Велес, Сојузот за грижа и воспитување на децата и Друштвото за поддршка и развој на деца и младинци на Република Македонија.