Знамето на Велес се развеа на врвот на Арарат

Планината Арарат се наоѓа во источна Турција на границата со Иран, Ерменија и Азербејџан. Планинскиот масив е со дијаметар од 40 километри, стратовулкан формиран од лава и камења. Нејзинот врв е на надморска височина од 5165 метри. На ден 10.07.2012, планинарот Тодорче Ѓорѓиев од Велес, на врвот ги равиори Македонското и знамето на Општина Велес.

Планинарската експедиција, за Тоше како единствен претставник од Македонија започна на 6.07.2012 со пат до Софија и средба со остантите планинари од групата. Потоа сите заедно заминаа за Истамбул, од каде авионски пристигнаа до областа Агри во крајниот исток на Турција. Освојувањето на планината започна нареднот ден до висина од 3200 метри каде се наоѓа и првиот базен логор. Наредниот ден беа освоени уште 1000 метри надморска висина, односно до вториот базен логор т.е. 4200 мнв. Вечерта во 02:00 часот започна патешествието за освојување на врвот. Кратко после тргнувањето планинарите се соочија со ветер, снег, мраз и температура од -20 степени. Иако голем дел од експедицијата не пристигна на врвот, во такви услови за 6 часа беа освоени и последните 1000 метри, за на крај  на врвот Агри Даги на висина 5165 мнв да се развиорат Македонското и  општинското знаме. Ова е голем успех на нашиот планинар и промоција на Општина Велес.