Конституиран Економскиот совет на Градоначалникот на Општина Велес
Денес се одржа првата седница на Економскиот совет на Градоначалникот на Општина Велес на која беше верификуван мандатот на членовите и усвоен Деловникот за работа на советот. Членови на Економскиот Совет се:
• Горан Петров - Градоначалник
• Александар Бузалков - Центар за развој на ВПР
• Трајче Трајков - Регионална стопанска комора
• Златко Леов - Регионална комора на занаетчии
• Анче Здравкин - Ротари клуб Велес
• Благој Индов - Лајонс клуб Велес
Градоначалникот ги запозна присутните дека идејата за формирање на Економскиот совет потекна од потребата за подобрување на можностите за развој на локалната економија и вклучување на бизнис секторот во креирањето на политиката за подобрување на општата економска состојба во општината. Членовите се согласија работењето на Економскиот совет да биде транспарентно. Актуелните прашања и проблеми на бизнис заедницата заеднички ќе се разгледуваат и разрешуваат од страна на економскиот совет. Се очекува членовите на Советот да бидат двигатели во разрешувањето на актуелните економски состојби во општината.