Балканска поезија и музика во чест на Рацин
43-то издание на културната манифестација „Рацинови средби“ понуди
содржини за љубителите на поезијата и музиката кои твореа во чест на
основоположникот на македонската современа поезија, ненадминливиот поет
и револуционер Коста Солев Рацин.
Во рамките на манифестацијата беа преставени книжевните портрети
на писателите Благоја Иванов за чие творештво говореше академик Матеја
Матевски,Зоран Богнар од Република Србија чиј творечки опус го
претстави Бранко Цветковски,Стефан Влахов Мицов од Република Бугарија
чиј книжевен портрет го долови академик Матеја Матевски и Божин
Павловски за чие творештво говореше Ефтим Клетников.
Пред споменикот на Рацин, во центарот на Велес делегации на Општина Велес, семејството на Рацин,Сојузот на борците, Друштвото на писателите на Македонија и Општина Другово со полагање на букети цвеќе му одадоа почит на поетот.
Во рамките на Рациновите средби во родната куќа на поетот се одржа литературна и керамичка работилница, а своја беседа за Рацин имаше и добитникот на Почесното Рациново признание Стефан Влахов Мицов од Република Бугарија.
Велешките поети му одадоа почит на Рацин пред споменикот во кругот на гимназијата што го носи името на поетот каде беше преставен и портретот на Тихо Најдовски.
Централната манифестација се одржа во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ каде на добитникот на Рациновото признание за најдобро прозно дело помеѓу две средби Божин Павловски му беше врачено признанието статуетка со ликот на Рацин и парична награда што Павловски ја остапи на Друштвото на родители за грижа за здраво поколение.
Почесното Рациново признание му беше доделено на Стефан Влахов Мицов од Република Бугарија, раководител на Културно-информативниот центар на Македонија во Република Бугарија за неговиот огромен придонес во афирмацијата и презентацијата на македонската култура.
„За Велес и велешани, Рацин е повеќе од гордост, тој е столбот што низ годините и децениите го одржува културниот ентузијазам по кој Велес денес е препознатлив во Европа и во светот. Неговата потрага по човекот, неговата филозофска рефлексија за димензијата на слободата во најширок можен контекст и денес не ја губи моќта ниту автентичноста“, рече градоначалникот на Велес Аце Коцевски посакувајќи им топло добредојде на поетите од 6 балкански земји кои манифестацијата ја збогатија со избор од своето поетско творештво.
43-то издание на Рациновите средби беше збогатено со ексклузивниот музички портрет на Сања Илиќ и „Балканика“.