Коњаниците од Илинденскиот марш во Велес

Здружението на граѓани „Илинденски марш ’78“ и оваа година го организира традиционалниот  Илинденски коњанички марш од Горно-Лисиче – Скопје до Крушево. На својот пат илинденската коњаница во Велес ќе пристигне на 28 јули (сабота) во 18:30 часот. Учесниците на маршот ќе се поклонат пред споменикот на Велешките илинденци и ќе им оддадат почит на илинденските војводи Алабакот, Докурчев и Офицерчето и сите учесници во илинденската епопеја.
Велес достојно ќе ги пречека овие чувари и презентери на македонската национална историјата.