Топол културен бран – ноќ на македонски приказни и песни
Јулскиот дел од Топлиот културен бран во Велес ќе се реализира на 31 јули (вторник) во 20:30 часот, во амфитеатарот на Младинскиот парк. Велешани ќе уживаат во музичко-театарски перформанс „Ноќ на македонски приказни и песни“.
Учесниците во перформансот – етно-бенд, актерот Сашо Ристовски и естрадната уметничка Анета Наковска ќе се обидат да допрат до публиката на еден поинаков, досега невиден уметнички начин.