Оддавање почит кон загинатите борци

Општинската организација на Сојузот на борците од НОАВМ и Здружението на Македонците  од Егејскиот дел на Македонија „Звезда„  денес ја  одбележаа 63  годишнината од  загинувањето на борците од Егејскиот дел на Македонија во Граѓанската војна  во Грција 1946-1949 година. Оддавањето почит кон  загинатите борци  беше проследено со пригодно обраќање и положување на свежо цвеќе.


Градоначалникот  Горан Петров по тој повод организираше прием   со  претставниците на  Здруженијата на граѓани  „Звезда“ ,  „ Македон“ и Светскиот  македонски конгрес.