Бистите на хероите ќе се дислоцираат на Спомен-костурница

По иницијатива на Општинската организација на СЗБ од НОВ, Општина Велес ќе ги дислоцира бистите на 12 борци и народни херои од јавно-прометните површини во Велес. Бистите што во изминативе неколку години беа мета на несовесни граѓани во Младинскиот парк, дворот на Гимназијата „Кочо Рацин“ и паркот на хероите ќе се отстранат и ќе се депонираат во Спомен-костурницата.
Со средства од Буџетот на Општина Велес за 2013 година ќе биде уредена Алеја на хероите на Спомен-костурницата каде ќе бидат поставени овие спомен обејежја, но ќе биде вратен во првобитна состојба и делот од објектот од каде недостигаат имињата на првоборциите чии останки се наоѓаат во овој споменик на културата од национален интерес. За понатамошна заштита на објектот ќе биде поставен видео надзор.