На Лопушник – почит за поетот

ImageДелегација на Општина Велес и годинава заедно со делегации на општините Другово и Кичево, Сојузот на борците и здруженија на граѓани положија свежо цвеќе на спомен обележјето на Лопушник каде на 13 јуни 1943 –та година трагично загина Кочо Солев Рацин.



ImageПрисутните ги поздравија градоначалникот на општина Другово Стојо Павлевски и градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски кои говореа за огромниот продонес што Рацин го даде за македонската самобитност и култура.

Чествувањето беше збогатено со настап на ученици од општина Другово кои читаа стихови од поетот, а претставници на МПЦ одржаа панихида.

Традиционално и годинава во подножјето на Лопушник се одржа народен собир.



Image