Илинденската коњаница во Велес
35-следбеници на Илинденците што на 27 јули тргнаа од Горно Лисиче кон Крушево, во саботата пристигнаа пред споменикот на Илинденците во Велес. Велешани и играорците од ФА „Керамичар“ ги пречекаа учесниците на Илинденскиот марш кои и покрај екстремно високите температури не ја напуштија повеќегодишната традиција.
Делегтации од Општина Велес и од Илинденската коњаница положија цвеќе и се поклонија пред паметникот на тројцата велешки Илинденци Алабакот, Офицерчето и Докурчев. Градоначалникот Петров им посака среќен пат и им го подари велешкото знаме во спомен на сите велешки илинденци да го развијат на Гумење и Мечкин Камен.