Топол културен бран во Велес

Во рамките на манифестацијата „Топол културен бран“, синоќа (31.07.2012) во амфитеатарот на Младинскиот парк гостуваа актерот Сашо Ристовски, естрадната ѕвезда Анета Наковска и етно-бенд со перформанс под наслов „Ноќ на македонски приказни и песни“.

 

 

 

Публиката уживаше во изведбата на македонските приказни и преубавата изворна и староградска македонска песна.
Вториот циклус на Топол културен бран е во последната декада на август.