Обележани двата Илиндена
Велес им се поклони на своите херои. Достоинствено, како што доликува на град – револуционер, на авангарда во борбата за национална слобода. Делегации од Општина Велес, ОО на СЗБ од НОВ, АРМ, институции и организации, здруженија и поединци оддадоа почит во спомен-костурницата и пред споменикот на Велешките илинденци.