Фер и демократски избори, услов за демократија
Градоначалникот Аце Коцевски на претставниците на медиумите,
Македонската Православна црква, Исламската верска заедница, НВО
секторот и политичките партии им ги пренесе препораките од средбата на
градоначалниците со Претседателот Бранко Црвенковски и претставници на
меѓународната заедница.
Во прилог на спроведувањето на рамноправни, фер и демократски
парламентарни избори на подрачјето на Општина Велес, градоначалникот
Аце Коцевски оствари средби со претставници на средствата за јавно
информирање, Македонската Православна црква, Исламската верска
заедница, здруженијата на граѓани како и претставници на локалните
ограноци на политичките партии.
На средбите стана збор за неопходноста од активно учество на сите гореспоменати чинители во создавањето на услови за чесен и непречен изборен процес.
Во рамките на средбите градоначалникот Аце Коцевски ги информираше претставниците на медиумите, Македонската Православна црква, Исламската верска заедница, НВО секторот и политичките партии за активностите што Општина Велес ги презема за создавање услови за демократски избори и тоа:

- Дистанцирање на државните службеници вработени во општинската администрација од било какви активности поврзани со лични политички определби;
- Запирање на сите градежни зафати освен оние што значат довршување на веќе започнати проекти;
- Стопирање на организирање на било какви настани кои партиите можат да ги искористат за своја промоција;
- Еднаков пристап кон сите политички партии со отстапување на салата во Општина Велес, амфитеатарот во Младинскиот парк и плоштадот Сармаале без никаков надоместок со цел на граѓаните да им се овозможи непречено да ги слушнат програмските определби на политичките партии.
Градоначалникот Коцевски од политичките партии побара да ги почитуваат
правилата за плакатирање и одговорно да се грижат за просторите што
општината бесплатно им ги отстапува на користење во текот на кампањата.
На средбата со претставниците на здруженијата на граѓани беше заклучено дека невладиниот сектор треба непристрасно да ги следи изборите, да учествува во мониторингот, во зависност од можностите да организира едукација на гласачкото тело и да придонесе за непречено гласање на лицата со хендикеп.