Обележан Св. вмч Пантелејмон – заштитникот на Велес
Со Празнична вечерна богослужба во сослужение на Неговото Високопреосвештенство господин Агатангел, во очи на големиот ден, започна чествувањето на празникот на Велес. Храмот на патронот Св. вмч Пантелејмон беше претесен да ги прими сите верници што дојдоа да присуствуваат на овој свечен чин. Празнувањето продолжи во дворот на црквата со поздравни обраќања на Градоначалникот Горан Петров и Митрополитот Агатангел. Во уметничкиот дел од програмата учествуваа Градскиот црковен хор „Св.вмч Пантелејмон“, актерката Весна Димитровска и солистите Веселинка Маџарова и Наталија Меанџиева.
Програмата беше збогатена со инсерти од филмот „Пресвета Богородице, спаси не“. Денес, на 9 август, со Архиерејската Божествена литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство господин Агатангел, Митрополит Повардарски и господин Пимен Митрополит Европски.