Прва локална конференција за здравство
Во чест на големиот христијански празник Св .вмч Пантелејмон – заштитник на Велес и на лекарите, а по повод изготвувањето на Програмата за активностите на Велес во областа на здравствената заштита за 2013 година, Општина Велес ја одржа Првата локална конференција на тема: Соработката на Општина Велес со локалните здравствени институции во областа на превентивната и примарната здравствена заштита. Учесници на Конференцијата беа првите луѓе од сите здравствени устаниви, институции и граѓански организации од областа на здравството што делуваат на територијата на Општина Велес :Центарот за јавно здравје, Здравен дом, Општа болница, Специјална болница Јасеново, ОО на Црвен крст, Здружението на приватни лекари и Стоматолошкото здружение од велешкиот регион.
Целта на Конференцијата беше исполнета: учесниците ги презентираа услугите што тие ги даваат на граѓаните, проблемите со кои се соочуваат во работата, постигнатите резултати, но и очекувањата од соработката со локалната власт за подобрување на квалитетот на здравјето на граѓаните. Присутните не го криеја задоволството од одржувањето на Конференцијата и изразија очекување вакви средби за директна комуникација и соработка да има почесто. Локалната конференција ја отвори Градоначалникот на Велес Горан Петров по чија иницијатива се организираше овој собир.