Градоначалникот Петров и министерот Адеми во посета на децата на Пелистер

Вчера Градоначалникот Горан Петров заедно со Министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми ги посетија децата во одмаралиштето на Пелистер. Климатската рехабилитација  во одмаралиштето во Пелистер се реализира од 2003 година и претставува партнерски проект на Друштвото на родители за грижа за здраво поколение и Министерството за животна средина и просторно планирање.

И оваа година со климатска рехабилитација се опфатени околу 300 деца во две смени. Најчести причинители за нарушеното здравје се хроничен бронхит, астма, анемија, алергии и други заболувања на респираторните органи. Општина Велес ги поддржува активностите и ја продолжува успешната соработка со Друштвото на родители за грижа за здраво поколение со цел да се надминуваат последиците од тридецениското загадување со тешки метали. Рехабилитацијата е потврда за успехот на партнерството на надлежните државни институции, општината  и НВО секторот.