Комеморација
По повод смртта на м-р Ацо Петров, поранешен член на Советот на Општина Велес, кој во својата 54-та година ненадејно почина, на 20 август годинава во Општина Велес се одржа комеморација. Во присуство на членовите на семејството, голем број на функционери, претставници од јавниот живот во Велес и граѓани, последниот поздрав на својот колега му го упатија г-дин Горан Петров, актуелен Градоначалник на Општина Велес и м-р Славчо Чадиев, Претседател на Советот на Општина Велес.
„Својот краток живот од само 54 години успеа да го исполни во сите области во кој го водеше интересот. А интересите на Ацо беа многукратни. Беше професионалец , ценет и почитуван стручњак, беше голем борец за правата на Македонците бегалци од Егејскиот дел на Македонија и активен член на здружението „Ѕвезда", беше поборник за демократија и активен партиски член на ВМРО ДПМНЕ од неговото основање“, рече градоначалникот.
Петров со својата работа како советник четири години работеше за интерсеите на своите сограѓани, но и за градот кој неизмерно го сакаше.
Ацо Петров, не беше само успешен во работата како политичар. Тој беше и успешен стопанственик. Како дипломиран економист долги години беше дел од менаџерскиот тим во АД Димко Митрев. Како магистер по економски науки ја добива менаџерската функција во ЈП Хидросистем Лисиче, која ја извршуваше се до ненадејната смрт.
„Останаа незавршени бројни планови во сите сегменти каде делуваше и работеше Петров. Сметавме на него сите, сметавме на неговата одговорна и чесна работа, на подадената рака за помош и подршка секому кому му е потребна... Почитувано семејство Петров, често се вели дека саканите не умираат затоа сватете го ова како голема вистина и придружничка во Вашите животи", рече Славчо Чадиев.
М-р Ацо Петров, беше семеен човек, татко на две деца. Со највисоки црковни почести точно напладне беше погребан е на гробиштата во црквата „Свети Пантелејмон" во Велес.