Фолклорната ризница го освои Велес

ImageОд 22 до 26 јуни Велес беше исполнет со раскошот на народните носии и звуците на музичкото народно творештво од балканските простори.
На третото издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес 2006“ настапија вкупно 12 фолклорни насамбли од кои 5 од странство.


Годинава на фестивалот учествуваа фолклорните ансамбли „Шпиро Калугеровиќ“ од Подгорица-Република Црна Гора„, ,Дунавска младост“ од Свиштов-Република Бугарија, „Граовска младост“ од Перник-Република Бигарија, „Севдах“ од Врање-Република Србија и „Липовац“ од Генералски стол-Република Хрватска. Како претставници на Република Македонија на фестивалот настапија Фолкорниот ансамбл „Плетенка“ од Битола, Ансамблот на народни ромски игри и песни „Рушит Шакир„ од Куманово и велешките фолклорни ансамбли и културно уметнички друштва: „Вила Зора“, „Коле Неделковски“, „Керамичар“, „Распеани велешани“, Турското културно уметничко друштво „Бирлик“ и КУД за ромски фолклорни традиции „Бирлик“.

На свеченото отворање на фестивалот, Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски им посака добредојде на учесниците и го потенцираше значењето на заштитата на фолклорните традиции. „Никогаш не треба да го заборавиме аманетот од нашите предци, да не ги заборавиме нашите корени, да ги негуваме фолклорот, песната, обичаите, традицијата и изворно да ги пренесеме на новите генерации.

Image

Горд сум што Велес и Велешани му придаваат особено значење на фолклорот“, рече Коцевски. Во рамките на фестивалот беа одржани прес конференции, а гостите учесници од Србија, Хрватска, Црна Гора и Бугарија остварија средба со градоначалникот на која се разговараше за можностите за продлабочување на соработката. И годинава не изостана традиционалното дефиле на учесниците на фестивалот кои во текот на 5-те дена посветени на фолклорот одржаа десетина концерти на повеќе локации во Велес. Фестивалот беше затворен со традиционалното доделување на благодарници за овогодинешните учесници и со пораката: „Музиката и пред се културата ги обединува и зближува народите“. Тоа се потврди и годинава во Велес. Околу 10.000 посетители, помеѓу изборната кампања и Светското фудбалско првенство најдоа време да уживаат во фолклорната ризница на Балканот.

Image