Честитки за првиот училишен ден

Со првото училишно ѕвонче отпочна новата учебна 2012/13 година. Градоначалникот на Општина Велес, Горан Петров,  во свое лично име, од име на Советот на Општина Велес и од името на сите граѓани на Велес,  упати  честитки за првиот училишен ден од новата учебна година. Оваа година според работната агенда, таткото на градот ги посети учениците од ООУ„ ЈХК – Џинот“ и учениците во с. Отовица кои новата учебна година ја започнаа во нова училишна зграда.

На сите ученици од основното образование и сите средношколци во општината им посака низа успеси во новата наставна година.

На најмалите,  на првачињата им изрази добредојде во најголемото среќно семејство, а на наставниците неброени работни успеси во остварување на мисијата да пренесат знаење и да воспитааат нови генерации здрави личности.

Да го даруваат највредното, знаењето, со многу умешност, вештини и пред се многу насмевки и љубов – порача градоначалникот Петров на наставниот кадар од општината. Во новата календарска година во основното образование во Општина Велес се запишаа вкупно 492 првачиња, а во четирите средни училишта во прва година се запишаа 716 ученика.