Формиран Граѓански советодавен одбор (ГСО)
Преставници од локалната самоуправа, невладиниот сектор, медиуми и
институции го одржаа првиот работен состанок. Членовите на Граѓанскиот
советодавен одбор кој е формиран во рамките на проектот „Граѓански
советодавни одбори“ на Центарот за институционален развој (ЦИРа),
дискутираа на тема социјала, област социјална патологија, зависности-
зависници од дрога.
Оценувајќи го проблемот со наркоманијата како еден од приоритетните во областа на социјалната заштита во Велес, членовите на Граѓанскиот советодавен одбор утврдија потреба за подготовка на План на активности за изнаоѓање на соодветна локација за отворање на Дневен центар за зависници.
Граѓанскиот советодавен одбор чие функционирање е поддржано од УСАИД како дел од „Проектот за успешна децентрализација“ има цел да го зголеми учеството на граѓаните во процесот на одлучувањње по најзначајните прашања од животот во локалната заедница.
Одборот има улога на мост помеѓу граѓаните и локалната самоуправа. Воедно ГСО може да дава и свои препораки до Советот на општината и да предлага решенија за проблемите.
Граѓанскиот советодавен одбор може да придонесе во креирањето на уште потранспарентна општина и поквалитетни услуги за граѓаните.