УНДП ќе го подржува развојот во Вардарскиот регион во наредните две години

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во наредните две години ќе обезбеди финансиска и техничка помош во развојот на Вардарскиот регион, преку проектот Локална Акција за Инклузивен Развој, кој ќе се базира на принципите на меѓуопштинска соработка (МОС). На вчерашната воведна работилница во Хотел Романтик, беше промовиран проектот и активностите кои ќе бидат подржани од страна на УНДП. Проектот ќе се спроведува во партнерство со Центарот за развој на ВПР , но и со активно вклучување на Општините, НВО секторот и Бизнис заедницата од регионот, чии претставници беа присутни на работилницата.

Заштитата на животната средина ќе биде едно подрачје во фокусот заедно со социо –економскиот развој и исто така со практиките на доброто владеење“ – рече Алесандро Фракасети, постојан претставник на УНДП во Македонија

Проектот „Локална акција за инклузивен развој“ уште во својата почетна фаза навестува динамичен процес на активности што ќе допрат до сите приоритени прашања од значење за развојот на регионот.Убеден сум дека во ова ново партнерство базирано на востановените вредности ќе успеете со тимска работа, посветеност и размена на знаења да придонесете Вардарскиот плански регион да ги достигне Европските вредности, рече претседателот на Советот за развој на ВПР, Горан Петров

Проектот е поделен на две компоненти од кои првата ќе се спроведува веднаш, односно до крајот на 2012 год., додека со втората компонента би се отпочнало од наредната година. За првата компонента, учесниците во работилницата имаа можност да селектираат две регионални предлог проектни идеи од вкупно презентираните пет од страна на Центарот за развој на ВПР. Се работи за проектни идеи за кои Центарот за развој на ВПР ја има подготвено целата потребна планска и стратешка документација, кои стасале до одредена фаза и кои сега имаме можност да ги финализираме.  Со оглед на денес присутните учесници на работилницата убеден сум дека ќе ги избереме најприоритетните два за регионот, рече Алерксандар Бузалков, раководител на ЦРВПР.

По презентацијата на проектните идеи и дебатата по истите се одлучи да се подржат проектот за воспоставување на регионален бизнис центар со седиште во Велес  и подршка на ЕЛС од регионот во подобрување на енергетската ефикасност.

Втората компонента, која почнува наредната година ќе се одвива низ три платформи:

  • Платформа за управување преку помош при имплементација на LEADER и воспоставување на LAG како и ISO/KAF стандардизација на локалните институции
  • Платформа за давање локални услуги преку зголемување на ефективноста на локалните јавни расходи, зголемување на апсорпциониот капацитет за капитални инвестиции и создавање инструмент за подготовка на технички документации и
  • Платформа за одржлив развој, преку подготовка на проекти на заедниците и нивна подршка преку грантови