Министерот Неждет Мустафа во посета на Општина Велес
Денес во Општина Велес, министерот без ресор Неждет Мустафа се сретна со градоначалникот на Општина Велес, Горан Петров. Повод за посетата на министерот Мустафа е реализирањето на инфраструктурните проекти во местата населени со Роми кои произлегуваат од меморандумот за соработка потпишан помеѓу Владата на Република Македонија и Општина Велес. Министерот Мустафа и градоначалникот Петров после средбата се упатија во населбата Рамина и го разгледаа релизирањето на бетонирањето на дел на ул. „Јордан Џурнов“ и дел на ул. „Јовче Тикваров“ во должина од околу 400 метри.