Обележана 70 годишнината од масакрот на Пуста Кула
Во организација на ОО на СБМ – Велес денес, на 14 септември се обележа 70 годишнината од масакрот на Пуста Кула. На настанот пред Спомен обележјето покрај организаторите присуствуваа членови на семејствата на жртвите, претставници од Општина Велес и претставници од политички партии од Велес. Сеќавање на овој немил настан од историјата на Велес изнесоа членови на боречката организација.
Масакрот кај Пуста Кула е колеж и подол злосторнички акт на бугарската окупациона фашистичка полиција. Во близина на селото Рудник, кај месноста Пуста Кула на 14 септември 1942 година бугарската полиција без пресуда стрелала и масакрирала седум припадници на Народно ослободителното движење. Од Скопскиот истражен затвор со камион биле донесени и стрелани Панче Бурчевски, Перо Грковски, Андреја Басаровски, Атанас Димовски и Душан Димитриевски од с. Рудник, Камка Тоцинова од Велес и Амед Лојков од с. Иванковци.