ЕВРОПРАТЕНИКОТ ХОВИТ ВО ПОСЕТА НА ВЕЛЕС
Двочасовниот претстој во општината на високата делегација беше искористен да се презентира работата на општината, начинот на испорака на услугите на граѓаните, како и можностите за продлабочување на институционалната соработка на меѓународно ниво. Денес тој заедно со г-динот Алесандро Факасети, заменик на постојаниот претставник на УНДП во Македонија, оствари средба со Градоначалникот на Општина Велес г-дин Горан Петров, членови на Советот на Општина Велес, Економскиот совет на Градоначалникот и претставници на граѓански организации.Во агендата на пратеникот на Европскиот парламент Ричард Ховит, кој воедно е и известувач за Република Македонија при Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, беше и посетата на Велес.