28-ми Септември, Меѓународен ден на Бошњаците
Од име на Општина Велес, граѓаните на Велес и од свое лично име на сите припадници на бошњачката заедница, Ви го честитам Меѓународниот ден на Бошњаците и Ви посакувам празнично расположение, исполнето со многу радости, успеси и благосостојба. Денешниов ден нека биде уште една потврда за меѓусебното почитување на вредностите со кои градиме мултиетничко и мултикултурно општество. Културните специфики ни се постојан поттик да создаваме подобар и поквалитетен живот во локалната заедница, демократски прогрес и севкупен просперитет.
За многу години!
Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров