Авто-такси лиценци - ПРОЦЕДУРА

Процедура за добивање на лиценца за вршење на авто-такси превоз на патници

ImageПревозникот кој сака да добие лиценца за вршење на авто-такси превоз на патници (која е со рок на важност од 4 годиони) треба прво да поднесе барање до Градоначалникот на Општина Велес. Образец од барањето, превозникот може да добие во секторот за комунални работи, урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина при Општина Велес.
Барањето може да се превземе и од следниот линк:

Покрај барањето, превозникот е должен да ги приложи и следните документи:
•Доказ за регистрирана дејност (превозникот да е впишан во трговскиот регистер за вршење на превоз во патниот сообраќај и да има решение за вршење на претежна дејност за одделен вид на превоз - член 8 став 1 точка 1 од Законот за превоз во патниот сообраќај - „Сл.весник на РМ" бр.68/04);
•Доказ дека е сопственик на едно или повеќе видови возила за вршење на авто-такси превоз на патници (фотокопија од сообраќајните дозволи - член 8 став 1 точка 2 од Законот за превоз во патниот сообраќај - „Сл.весник на РМ" бр.68/04);
•Потврда за исполнување на посебните техничко-експлоатациони услови на возилата кои вршат авто-такси превоз на патници (истата се издава во овластените станици за вршење на технички преглед на моторните возила - член 8 став 1 точка 2 од Законот за превоз во патниот сообраќај - „Сл.весник на РМ" бр.68/04);
•Доказ дека има вработено авто-такси возачи (член 8 став 1 точка 4 од Законот за превоз во патниот сообраќај - „Сл.весник на РМ" бр.68/04);
•Доказ дека во возилото со кое се врши авто-такси превоз на патници да има вградено фискален апарат (член 8 став 1 точка 5 од Законот за превоз во патниот сообраќај - „Сл.весник на РМ" бр.68/04);
•Доказ дека не е во сила правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството или безбедноста во јавниот сообраќај (член 8 став 1 точка 8 од Законот за превоз во патниот сообраќај - „Сл.весник на РМ" бр.68/04);
•Доказ дека има во сопственост капацитет за паркирање и одржување на возилата или доказ за користење на таков капацитет со рок на важење од најмалку 4 години (член 8 став 1 точка 9 од Законот за превоз во патниот сообраќај - „Сл.весник на РМ" бр.68/04).

Co поднесувањето на горе наведените документи за добивање на лиценца, превозникот треба да:

1. Приложи уплатница за уплатени 50, 00 денари за такса (на барањето не се лепи таксена марка туку наместо таксената марка се овие 50,00 денари) и 600,00 денари за административна такса. Подносителот на барањата овие две суми може да ги уплати на една уплатница во износ од 650,00 денари.
Средствата се уплаќаат на следнава жиро сметка:
- Сметка: 100-0000000630-95
- Уплатна сметка: 840-111-03182
- Приходна шифра: 722-315-00
- цел на дознаката: за административна такса за вршење на дејност;
- назив на примачот: трезорска сметка;
- банка на примачот: НБРМ;
- износ: 650,00 денари.
Image

2. Приложи уплатница за уплатени 3000,00 денари во републички буџет:
Средствата се уплаќаат на следнава жиро сметка:
- Сметка: 100-0000000630-95
- Уплатна сметка: 840-111-06506
- Приходна шифра: 718-117-00
- цел на дознаката: за издавање на лиценца за авто-такси превоз на патници;
- назив на примачот: трезорска сметка;
- банка на примачот: НБРМ;
- износ: 3000,00 денари.
Image

3. Приложи уплатница за уплатени 1500,00 денари во за користење на авто-такси станиците ( за секое возило за кое превозникот добива препис на лиценцата уплаќа по 1500,00 денари):
Средствата се уплаќаат на следнава жиро сметка:
- Сметка: 100-0000000630-95
- Уплатна сметка: 840-111-03247
- Приходна шифра: 717-129-00
- цел на дознаката: за користење на авто-такси станици;
- назив на примачот: трезорска сметка;
- банка на примачот: НБРМ;
- износ: 1500,00 денари
согласно член 8 од Правилникот за начинот на обележувањето, опремувањето и користењето на такси станиците во Општина Велес - „Сл.гласник на Општина Велес" бр.4/05).

Image

По поднесувањето на сите подребни документи за лиценца, надлежниот орган на Општина Велес должен е во рок од 30 од датумот на поднесувањето на документите, да издаде лиценца. Со издавањето на лиценцата за вршење на авто-такси дејност, надлежниот орган на општината на превозникот ќе му даде и налепници, кои превозникот е должен да ги залепи на предните боични врати на возилото (согласно член 55 став 3 од Законот за превоз во патниот сообраќај „Сл.весник на РМ“ бр.68/04 и член 9 став 2 од Одлуката за авто-такси превоз во Општина Велес „ Сл.гласник на Општина Велес" бр.4/05). Регистерскиот број на налепниците е ист со бројот на лиценцата.

При подигањето на лиценците превозникот со општината потпишува договор за користење на паркинг просторот на такси станиците, во кој се обврзува за навремено плаќање на таксата за користењето на такси станиците (согласно член 8 од Правилникот за начинот на обележувањето, опремувањето и користењето на такси станиците во Општина Велес -„Сл.гласник на Општина Велес" бр.4/05).