Стаклен грб за велешката гордост
Градоначалникот Петров во чест на постигнатиот успех и за спомен на настапот на Олимпијадата во Лондон му врачи признание на велешкиот олимпиец Кристијан Ефремов. Стаклениот грб со симбол на градот е подарок за настапот на трката на 400 метри кога Кристијан го подобри своето најдобро време и истрча за 47,92 секунди со што го подобри својот резултат за 34 стотинки и се пласираше на 44-то место од 50 натпреварувачи.
Општинското призание градоначалникот, му го врачи на Ефремов во неделата на градскиот стадион на полувремето од фудбалскиот натпревар од третата лига Југ каде Борец со 4:0 ја победи незначајната прилепска екипа „Млекар“.