Оджана јавна расправа по Програмата за поддршка на претприемништвото, малите и семејните бизниси и иновациите
На 10.10.2012 (среда), во присуство на претставници на Општина Велес, Економскиот совет, Регионалната стопанска комора, Комората на занаетчиите, претставници од бизнис секторот, Вардарскиот плански регион, невладините оргаизации, медиумите и изготвувачите на програмата – Националниот Центар за развој на иновации и предмриемачко учење од Скопје, беше одржана јавна расправа.
Најголемо внимание на јавната расправа беше посветено на можностите за подобрување на условите за забрзан развој на малите и семејните бизниси, иновативноста, моделите на поддршка, како и улогата на идниот Центар за поддршка на претприемништво.
Сите, забелешки, коментари и сугестии од приситните ќе бидат вградени во предлог програмите на Општина Велес за 2013 година.