16-ти Октомври – Светски ден на борба против гладот
По повод 16-ти Октомври – Светскиот ден на борба против гладот, денес, во просториите на Општинкската организација на Црвен крст Велес г-динот Горан Петров – градоначалник на Општина Велес и г-динот Милчо Трајков Претседател на Општинската организација на Црвен крст Велес одржаа средба со претставници на медиумите. Поздравувајќи го присуството на градоначалникот, д-р Мичо Трајков ги најави активностите што Општинскиот Црвен крст ќе ги спроведе во текот на наредните петнаесеттина дена преку кои ќе ги мобилизира своите членови и волонтери да го сврти вниманието на јавноста кон најранливите групи лица на кои им е потребна материјална помош во храна, да ги едуцира најмладите за унапредување на чувството на солидарноост кон немоќните и да се соберат доброволни парични прилози за пополнување на фондот за солидарност за набавка и доделување на храна на оние на кои им е најпотребна.
Поздравувајќи ја кампањата на Црвениот крст Градоначалникот Горан Петров најави дека и оваа, како и во претходните години, Општина Велес од својот Буџет ќе издвои 30.000 денари за набавка на храна за 15 семејства кои ќе бидат одредени во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Велес. Истовремено го најавави учеството и поддршката на Општината во претстојните активности што Црвениот крст и Здружението на пензионерите ќе ги организараат во грижа за старите лица, како и крводарителската акција што Црвениот крст ќе ја организира по повод 9-ти Ноември – Денот на Општина Велес.
На крајот од прес конференцијата со задоволство беше објавено скорешно потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Општината Велес и Општинската организација на Црвен крст со што ќе се инстутуционализира повеќегодишната успешна соработка.