„Папрадишки мајстори“ II

Второ издание на Меѓународната сликарско-копаничарска колонија „Папрадишки мајстори“

Image Среде недопрената убавина на Папрадиште, родното место на големиот балкански градител Андреа Дамјанов, зографот Димитрија Андонов Папрадишки, основоположникот на МАНУ Димитрија Чуповски и надалеку познатите мијачки зографи, деновиве се одржува втората Меѓународна сликарско-копаничарска колонија „Папрадишки Мајстори“. Годинава во збогатено издание во однос на уметниците кои гостуваат во ова инспиративно место за создавање.

Вкупно се 14 од кои 4-ца од странство: проф. Живко Јанев од Бугарија, Маја Џартовска –Хил и проф. Бенџамин Хил од Англија, Драган Периќ од Србија. Учесниците гости во овој специфичен свет на уметноста имаат можност да творат и да се дружат со уметниците од Македонија: проф. Ангеле Гавровски, Наташа Кобуровска и Тања Јашмаковска од Скопје, Драги Хаџи-Николов од Гевгелија, Велко Свеќаров, Илко Стојанов и Александар Јовановски од Велес. Во планинарскиот дом во Папрадиште деновиве создаваат и копаничарите Борис Попев и Тоде Вељановски од Скопје и велешаните Славе Петков и Љубомир Бисин.Во првите два дена од колонијата која годинава се одржува од 10-12 јули уметничките дела кои навестуваат плодно творештво веќе ги привлекуваат погледите на љубопитните посетители. А, нив ги има многу бидејќи во Папрадиште се враќа животот во екот на големиот Христијански празник Петровден. Претставниците на медиумите кои имаа можност да ја посетат колонијата во Папрадиште посведочија и за процутот на животот во селото чии поранешни жители секоја година со посветеност организираат слава на Петровден. Деновиве уметниците кои имаат можност да создваат на отворено, среде прекрасните пејсажи на Папрадиште ги посетуваат Папрадишани- иселеници во повеќе земји во светот кои во родното место се враќаат токму на Петровден. Уметниците ги посети и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски кој им посака плодно творештво, нови пријателства и незаборавни моменти како отворена покана повторно да бидат дел од ова значајна сликарско-копаничарска колонија. Делата создадени на второто издание на „Папрадишки мајстори“ ќе бидат претставени на веќе традиционалната изложба на колонијата што ќе се одржи во ноември. Дел од создадените уметнички дела ќе останат во трајна сопственост на Општина Велес.

Image

Image

Image

Image